ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Силјановска: Нема потреба да се менува химната

Силјановска: Нема потреба да се менува химната

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, вели дека стравува дека дебатата за државните симболи може да доведе до нови емоционални конфликти. Таа е категорично против промена на химната и во однос на грбот постои дилема кое е вистинското време за отворање на овие теми. Симболите, вели таа, треба да не обединуваат, а не да не делат.

Advertisements

Силјановска денеска оствари средба со академиците на Македонската академија на науките и уметностите. Претседателот на МАНУ Живко Попов, вели дека симболите се добри, можат да се подобрат, но не и да се променат.

Темата за евентуалната промена на државните симболи ја отвори самиот премиер Христијан Мицкоски, кој грбот го нарече постсоцијалистички симбол, нагласувајќи дека земјата е меѓу ретките кои останале со непроменет грб. По оваа изјава, од Вреди кажаа дека оваа тема е отворена меѓу коалициските партнери, но дека тие се за промени во пакет на државните симболи, заедно со отстранување на 20% дефиниција на албанскиот јазик од Уставот. ВМРО-ДПМНЕ негираше дека имало такви дискусии./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button