Двајца кандидати во трка за претседател на Врховен суд
Двајца кандидати во трка за претседател на Врховен суд

Беса Адеми и Африм Фидани се двајцата врховни судии кои се пријавија за претседатели на Врховниот суд. Адеми цели на уште еден мандат, додека Фидани има за цел да дојде до врвот на судската хиерархија благодарение на поддршката што тврди дека ја ужива од одредени судии.
Новата кандидатура на Беса Адеми следува по мандат во кој се соочи притисоци, закани и иницијатива за разрешување. Судскиот совет, чиј член е и Адеми, поведе постапка за утврдување одговорност против неа единствено поради тоа што таа не се согласи да ја врати на сила аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година, чекор со кој би се исчистило криминалното досие на поранешниот премиер Никола Груевски и ќе се овозможеше негово враќање во државата. За својот став, Адеми ја доби поддршката и од американската амбасадорка Ангела Агелер, додека за покажаната транспарентност во јавноста, Адеми доби поддршка и од евалуациската мисија на ЕУ, во чиј извештај се констатира дека транспарентноста на овој суд и не само кај него е клучна препорака за која треба многу да се работи. Нејзиното име било споменато и на средбата на холандскиот амбасадор со лидерот на ДУИ, Али Ахетми, кому му беше порачано да не се меша во Врховниот суд.
Беса Адеми ја започна својата кариера како стручен соработник, а потоа и како заменик народен правобранител. Во 2004 година е избрана за судија во Апелациониот суд, а подоцна и во Врховниот суд. 13 години подоцна, во 2021 година, таа беше избрана за претседател на Врховниот суд.
Судијата Африм Фидани својата кариера како судија ја започна во 2011 година со директно избирање во Апелациониот суд. Претходно работел како адвокат. Во 2017 година е избран за судија на Врховниот суд. Фидани беше дел од судечкиот совет за случајот „поткуп“ против поранешниот премиер Зоран Заев./Алсат.мк