Мицкоски од Вашингтон упати остри критики до лидерите на ЕУ кои дозволија билатерализација на прашањето за Македонија
Мицкоски од Вашингтон упати остри критики до лидерите на ЕУ кои дозволија билатерализација на прашањето за Македонија

Европа треба да ги почитува вредностите и принципите и да нема двојни стандарди, порача премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон. На Конференцијата за конзервативна акција во Вашингтон, Мицкоски рече дека говорот на потпретседателот Венс во кој го критикуваше пристапот на европските лидери бил инспиративен. Последниве денови, Мицкоски го искористи престојот во Америка за да упати остри критики кон ЕУ и билатерализацијата на македонското прашање.
Мицкоски изрази поддршка за зајакнување на стратешкото партнерство со САД од каде пак најавија дека ќе го заменат рускиот гас во Европа, правејќи го тоа преку Македонија.
Мицкоски рече дека ги поздравува американските инвестиции, кои ќе бидат и конкуренција за кинеските инвестиции во регионот./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши