ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опожарена трска на Охридското крајбрежје кај Струга

Опожарена трска на Охридското крајбрежје кај Струга

За два денa, двапати среде бел ден, запалена беше трска на струшкото крајбрежје, но сторителите за полицијата се уште не се познати. Еднаш пред угостителски објект, а во вториот случај пред хотел. Најголем дел од ваквите активности на струшкото крајбрежје почнуваат да се случуваат во овој период од годината.

Advertisements

„Повредени лица нема, а пожарот беше изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.Беше извршен увид и се работи на расчистување на настанот“, велат од СВР Охрид.

Но палењето на трска, која е заштитена со закон, не е нешто ново за Струга. Граѓанските активисти алармираат дека станува збор за сериозен проблем кој се провлекува со години наназад и оти во добар дел од случаите после секое палење, на тие локации никнуваат нови градби или плажи.

„И тоа воопшто не е наивен проблем, онака како што сака да се прикаже во јавноста, секогаш покриени со аргументи дека тоа го направиле непознати сторители, вандали, или деца. Во никој случај тоа не е така, затоа што секогаш после палењето на трските, доаѓа до некакво тампонирање и обележување на тој опожарен предел, а подоцна и градење на некаква градба од различен карактер“, рече Коста Хиохи- граѓански активист и спортски работник

„Од она што можеме да го видиме и сведочиме минатите години,секаде онаму каде првично имало палење на трска, после тоа задолжително никнуваат објекти, кои најчесто се нелегални. Сето она што се презема како реакција е процесуирано до Обвинителство, но таму се закочени сите процеси.
Пред три години имаше палење на трска,а веќе на тоа место никани се два објекти“, рече Никола Кукунеш-Советник од ВМРО ДПМНЕ.

Во минатото постоела служба, односно рибно стопанство која го контролирала растењето и ширењето на трската, на место каде тоа било потребно.

„Ова што сега се случува е практично еден хаос, бидејки гледаме дека неконстролирано се палат трските. Она што секогаш го сметам како проблем и како симптоматичен феномен е што секогаш се палат за време на викенд, кога службите не се во функција, а досега не сум запознаен дека општинските служби за заштита на животната средина излегле на терен“, додаде Коста Хиохи- граѓански активист и спортски работник .

Најчесто се пали трска на потегот од Струга до селата Калишта и Радожда. Со години активистите бараат не само кривични пријави, туку и строги санкции за оние кои што се директни виновници за палењето на трски на струшкото крајбрежје. Апелираат државата да не дозволи понатамошна узурпација, за приватни цели. Од Општина Струга не одговорија што планираат да преземат за да го заштитат струшкото крајбрежје. Трските се природно поврзани со Охридското Езеро и се мнгу важни за опстанокот на многу животински видови./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button