Охриѓани скептични дека ќе пијат поевтино кафе
Охриѓани скептични дека ќе пијат поевтино кафе

Охриѓани не веруваат дека ќе почнат да пијат поефтино кафе и да јадат по пониски цени во локалните ресторани, по одлуката на Владата за ограничување на маржите на 10% на основните прехранбени производи, и средства за хигиена. Велат дека цените на угостителските услуги во Охрид се превисоки за македонскиот стандард, а тие се чуствуваат како туристи преку цела година во сопствениот град.
„Не тоа не се случило никогаш.Затоа што ние овде се уште немаме зимски период и летен период, што го има во некои други туристички места, кога ќе помине летниот период тие ги намалуваат цените, а кај нас ќе ги зголемат на лето и на зима е истата цена и за домашните гости. За цените сигурен сум дека нема да влијае врз угостителските објекти“, рече еден граѓанин.
„Не не верувам,затоа што тие се такви сакаат што повеќе профит. Сметате дека се превисоки цените во рестораните во Охрид?Во рестораните за разлика од другите земјиод Хрватска или Грција не се повисоки цените, но од другите градови во Македонија да, Охрид е најскап град, не само по ресторани, туку и на пазар и сместување“, рече еден граѓанин.
„Многу тешко. Јас мислам дека не. Нив ги интересира профит и пари. Јас сум 50 години угостител, ова го нема никаде, Охрид што го има. 150 денари е едно кафе, златно нека е. Во Скопје ќе најдиш секако, а цените се катастрофа посебно во Охрид за се и сместување. Сметате ли деца оваа одлука на Влада ќе придонесе да се намалат барем делумно цените?Во угостителството нема шанса, во маркетите можеби нешто ќе има“, додаде друг граѓанин.
„И 20 % да се намалат маржите, цените ќе си бидат исти.Нема никој да му стави крај на оваа јас ја велам трговско-земјоделска мафија“, нагласи еден граѓанин.
„Нема шанси. Ова е се корумпирано.Се е корумпирано од врвот па до надолу“, рече еден граѓанин.
Економистите сметаат дека, цените кои ги нудат угостителите се нереални. Ако едно кафе, пред една година коштало 80 денари, тоа сега е 150 денари,а станува збор за истото кафе, без подобрување на квалитетот и услугата, вели Константин Задравески економист.
„Тие го оправдуваат со тоа што немаат доволно работна рака. Секогаш се правдаат со зголемени цени од добавувачите, и на инфлацијата. Инфлацијата се намали на 4%, пак е голема, што значи дека цените се зголемуваат, но не како што беше во 2022 кога беше 19% и повеќе.Тоа е нивното оправдување. Но мојот став на нивното оправдување е зошто не направите притисок врз вашите добавувачи, зошто не направите притисок врз дистрибутивните мрежи кои ги диктираат според вас цените. Неможе да очекувате само ние да плаќаме, а вие да не се трудите и да ги зголемувате приходите до недоглед“, рече Константин Здравески-економист.
Цените во Охрид последните години се како во Палма де Мајорка. Пиењето кафе станува луксуз. Цените на угостителските услуги се дури и повисоки од некои од европските туристички метрополи Едно кафе во центарот на градот со поглед на езеро достигнува и до три евра. Шише сок до 180 денари, домашно пиво 200 денари, точено пиво и над 250 денари. Цените на храната се движат од 6 евра нагоре./Алсат.мк