Стотици медицински сестри остануваат со договор на дело
Стотици медицински сестри остануваат со договор на дело

Повеќе од 100 медицински сестри и понатаму работат без решение за работа. Речиси два месеци се соочуваат со ваков проблем, за кој беше ветено дека ќе се реши на почетокот на февруари. Најголем број медицински сестри кои останале без решение за работа има во Прилеп, вкупно 56, во Битола 43, а во другите болници во земјава нивниот број е под 20.
Здружението на медицински сестри „За нас“, освен што бараат нивните колеги да добијат работни решенија, бараат и да им се брои 6-7 годишното работно искуство што го работеле со договор на дело.
Пред неколку дена првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека наскоро решенија за вработување ќе добијат околу 1.500 здравствени работници кои се со договор на дело, од кои околу 800, според него, се Албанци.
Според европскиот стандард кој се однесува на бројот на медицински сестри по глава на жител, Беслиовска вели дека на земјава и недостигаат 15.000 медицински сестри, а една од причините според неа се партиските вработувања. Во меѓувреме, за зголемувањето на платите во здравството, таа вели дека тоа е само стимул што е далеку од европските стандарди./Алсат.мк
Линда Ебиби