ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќето училишта во Тетово се без спортски сали

Повеќето училишта во Тетово се без спортски сали

Иако температурата е минус еден, тие се принудени да излегуваат на час по физичко, во отсуство на сала и да вежбаат на училиште вака, на овој студ.

Advertisements

Учениците се приморени часот по физичко да го оддржат на студ или пропуштаат многу часови по физичко, вели наставничката на овие ученици, која бара и локалната и централната власт што поскоро да преземат мерки за изградба на спортски сали.

„Учениците навистина губат. Планот што го имаме не се реализира целосно и нормално е од година во година да чекаме да почне изградбата, но во многу основни училишта е потребен побрз процес за да се почне со изградба за да не изгубат децата и наставниците“, рече Беким Османи- наставник по физичко образование.

Во Тетово, од вкупно 12 основни училишта, 7 немаат спортски сали. Општината вети дека ќе ги изгради, но се уште нема конкретен чекор во оваа насока. Образовниот сектор на oпштина Тетово го обвинува Министерството за образование. Велат дека годинава ќе почне изградбата на двете сали, но нема рок кога и каде ќе заврши изградбата.

„Централните училишта или оние што се наоѓаат во градот немаат спортски сали. Во последната комуникација што ја имавме со министерката за образование и првиот човек на општината, открија дека ќе има изградба на шест спортски сали Тетово. Во текот на оваа година од Министерството потенцираа дека со владини средства ќе започне изградбата на две сали, па на последната средба што ја имавме, по завршувањето на тендерските процедури, градоначалникот ќе седне на маса со министерот за да се утврди со кој приоритет ќе започне изградбата“, рече Назми Даути- сектор за образование на општина Тетово.
Истата ситуација со спортските сали е во повеќето основни училишта во руралните општини, кои ги ветуваат градоначалниците на општините речиси во секој изборен циклус, но изградбата на овие сали никогаш не започна а децата, во текот на зимата, часовите по физичко ги поминуваат седејќи во училниците или излегуваат на ниски температури за да си играат во училишните дворови./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button