КОШАРКАСПОРТ

Македонија ги има можните ривали во претквалификациите за Светското првенство

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги има противниците од претквалификациите за Светското првенство кое ќе се игра во 2027 година и за разлика од претходно патот до следната фаза за Мундобаскетот ќе биде тежок.

Advertisements

Системот на претквалификации останува ист како и претходно, вкупно дванаесет репрезентации ќе бидат поделени во четири групи со по три земји, а во следната рунда, поточно во квалификациите ќе се најдат првите две селекции.

Покрај Македонија, во претквалификациите се уште Австрија, Бугарија, Хрватска, Данска, Унгарија, Холандија, Норвешка, Романија, Словачка, Швајцарија и Украина. Се чека уште ФИБА да ги подели шеширите, па во кој ќе биде Македонија останува да видиме. Претквалификациите за СП 2027 се играат во месец август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button