
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска оцени дека одржувањето на претседателски избори за време на војната не е опција за Украина. Таа го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „диктатор“.
Таа нагласи дека Зеленски е избран на слободни и фер избори и посочи дека многу земји имаат уставни одредби кои забрануваат избори за време на војна, бидејќи, како што наведе, „политичкиот натпревар може да го поткопа националното единство во време кога сите напори мора да бидат насочени против надворешниот непријател“.
Калас оцени дека некои наративи кои доаѓаат од САД ја одразуваат руската пропаганда. Трамп минатата недела рече дека рејтингот на Зеленски паднал на 4 отсто и дека украинскиот лидер е „диктатор без избори“. Тој исто така повика на одржување избори во Украина.