Маркетите треба да го објавуваат секој производ на веб-страницата со цени, ажурирани секој ден
Маркетите треба да го објавуваат секој производ на веб-страницата со цени, ажурирани секој ден

Парламентарното мнозинство ги отфрли предлозите на СДСМ за намалување на ДДВто за електрична енергија, како и за укинување на ДДВ за прехранбени производи. Од друга страна, мнозинството го одобри предлогот за измени на законот за заштита на потрошувачите, што значи дека маркетите, без разлика дали се мали или големи, ќе мора секој производ да го објавуваат на својата официјална веб-страница, одредувајќи цени, ажурирани секојдневно. Министерството за економија со подзаконски акт ќе треба да го опише начинот на објавување на цените на производите. Целта според парламентарното мнозинство е транспарентност, фер конкуренција и заштита на потрошувачите. Сепак, според СДСМ, овие законски измени нема да донесат никаква корист за граѓаните.
„Мислам дека нивниот предлог всушност нема да донесе ништо добро за граѓанинот на крајот на денот. Тоа е тренд каде што не знаете што да правите, добро ќе го нашминкате производот и велите тоа е она што ќе донесе добро„, рече Фатмир Битиќи – СДСМ.
Критикувајќи го потегот на владата, Стопанската комора повторно бара средба со премиерот. Мицкоски не одбива да се сретне со нив, туку бара да излезат со конкретен и прифатлив предлог.
Откако Владата наметна маржи на прехранбените и непрехранбените производи од 5 до 15%,, стопанската комора се пожали дека овие мерки го загрозуваат нивниот опстанок и постоење. Согласно владината одлука, утврдена е маржа од 5% за 8 производни групи, за 55 производни групи маржа од 10% и за 39 производни групи маржа од 15%. Оваа маржа ќе биде на сила до 30 април./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу