
До пред десет или 15 години овие земјоделски површини во Полог беа засадени околу осумдесет проценти, додека сега се засадени од триесет до едвај четириесет проценти, останатите се оставени на немилост на времето. Земјоделците се жалат дека земјоделството повеќе не е исплатливо бидејќи државата се откажала од тоа.
Беким Решити од тетовска Речица вели дека поскапувањето на ѓубривата и владината помош, која повеќе наликува на социјална отколку на реална помош, предизвикува земјоделците секој ден да стануваат се помалку и помалку и да го напуштаат земјоделството.
„Голема и Мала Речница 90 проценти се занимава со земјоделство, а сега не останаа ни 20 проценти. И ние што останавме силно туркаме, но наскоро ќе го напуштиме затоа што, како што ви кажав, на пролет се даваат многу пари, а наесен само ги добиваме инвестициите, а робата се троши и нема ништо од тоа, нема профит“, рече Беким Решити, земјоделец.
Намалувањето на бројот на земјоделците, но и кризата со која се соочуваат најдобро се гледа од земјоделските аптеки, особено во пролетната сезона.
„Во моментов цените на ѓубривата се зголемуваат, а интересот на земјоделците е исклучително низок. Беше многу тешка година, земјоделците воопшто не се заинтересирани, не знаеме како ќе се снајдеме. Минатата година влијание имаа и штетите од град. Тие земјоделци се многу оштетени и не знам што ќе правиме, бидејќи останаа кај нас без да ги платат материјалите што ги добија минатата година„, рече Семир Билали, сопственик на земјоделска аптека.
Во Полог од година во година се намалува бројот на земјоделци, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, а тоа најмногу се забележува кај одгледувањето на пченицата. Годинава поради тоа што Владата не го врати долгот кон земјоделците по штетите предизвикани од дождовите, голем број земјоделци не ги ни засадија површините бидејќи немаат средства за откуп на вештачко ѓубриво и семе, а Владата продолжува да доцни со исплатата. Актуелната влада има програма за стимулирање на земјоделството со посебен акцент на полошкиот регион, но досега ништо не е преземено./Алсат.мк
Башким Сулејмани