ДУИ избегна одговор на прашалникот на Алсат за партискиот ветинг
ДУИ избегна одговор на прашалникот на Алсат за партискиот ветинг

Молк во ДУИ, за процесот на реформи и ветинг во партијата, кои на 13 февруари годинава најавија дека ќе го унапредат процесот. Од ДУИ, информираа дека ќе почнат со спроведување конкретни механизми кои ја зголемуваат транспарентноста и отчетноста во нејзините редови, додека пратениците поминале проценка на ризикот од корупција и го потпишале Кодексот на добри практики и интегритет на ДУИ.
Сепак, ДУИ не дава објаснувања за деталите на процесот на ветинг, за чие значење партијата на Али Ахмети зборува со години . Високите партиски функционери, Бујар Османи и Арбер Адеми, но и секторот за комуникација со медиумите во ДУИ, не одговараат на прашањата на телевизијата Алсат, со кои сакаме да дознаеме детали за начинот и реализацијата на овој процес, кој ДУИ помпезно го промовира.
.
1. Кои се членовите и претседателот на комисијата за ветинг?
2. Има ли надворешни членови на комисијата за ветинг?
3. Која методологија ја следи Комисијата или групата?
4. Според кој модел се прави ветингот?
5. Кои документи ги поднесуваат функционерите кои треба дабидат подложени на ветинг?
6. Кој ги проверува податоците обезбедени од службените лица?
7. Дали функционерот треба сам да поднесе барање за ветинг или самото тело го врши ветингот?
8. Дали има конкретен рок за постапката за ветинг?
9. Дали се вклучува и лидерот во ветингот?
10. Колку функционери поминале досега низ процесот на ветинг и има ли некој што не поминал?
За процесот на ветинг реагираа и од ВРЕДИ, кои нагласуваат дека ветингот треба да го иницираат претседателот и неговите блиски соработници.
„ДУИ ќе зборува за ветинг, но нема да го допре својот криминал. Тие ќе се кријат зад празни изјави, а зад сцената продолжуваат со истите коруптивни шеми. Значи, пред да го лажете народот, почнете со ветингот на Али Ахмети. Ако немате храброст, тогаш вашата „борба против криминалот“ не е ништо друго освен уште една измама“,велат од ВРЕДИ.
ДУИ, со текот на годините, бара ветинг или верификација на богатството и интегритетот на функционерите. Сепак, во текот на 22 години на власт, таа не го стори тоа, а сега инсистира додека е во опозиција. Во последните две години, ДУИ имаше двајца високи партиски функционери на црната листа на САД за корупција. Поточно, Рамиз Мерко и поранешниот вицепремиер Артан Груби, за кого уште во официјалното соопштение на САД се вели дека примале мито за да го спасат од затвор поранешниот шеф на Тајната полиција, Сашо Мијалков./Алсат.мк
Суад Бајрами