МАКЕДОНИЈА

СДСМ денеска на Мицкоски ќе му предаде документи за наводната корупција на вицепремиерот Меџити

Претставници на опозицискиот Социјалдемократски сојуз денеска во 11 часот во Владата ќе му достават документи на премиерот Христијан Мицкоски, со кои сметаат дека се потврдува наводната корупција на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.

Од таму велат дека чувствуваат одговорност да реагираат откако премиерот вчера јавно повика да му се достават дсокази за сомнежите дека постои корупција и неправилноста во работатата на вицепремиерот Меџити.

Advertisements

„Пред да бидат документите предадени во Владатата изјава за медиуми ќе даде портпаролката на партијата, Богданка Кузеска“, се вели во соопштението од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање како го коментира соопштението на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во кое го обвинуваат Изет Меџити за корупција, процеси во кои, според партијата, е вклучен и неговиот шеф на кабинет, рече дека со вицепремиерот има исклучително непосредна и блиска соработка и ги повика сите што имаат докази за ваквите обвинувања да му ги достават, со цел да бидат предадени на органите што постапуваат.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button