ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните на земјата дишат чист воздух само 2 до 9 дена во годината, а бројот на смртни случаи поради загадениот воздух е до 10 пати поголем во споредба со европските земји

Граѓаните на земјата дишат чист воздух само 2 до 9 дена во годината, а бројот на смртни случаи поради загадениот воздух е до 10 пати поголем во споредба со европските земји

Споредено со повеќето европски земји, Македонија има 5 до 10 пати повеќе смртни случаи поради загадениот воздух. Ова го истакна Татјана Чекулев од организацијата „О2“ на денешната расправа за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Таа истакна дека во повеќето градови од 365 дена во годината, граѓаните дишат чист воздух само 2 до 9 дена во годината.

Advertisements

Бојан Трпески од граѓанскиот сектор рече дека пред судовите во земјава се поднесени две тужби поврзани со загадувањето. Првата тужба е поднесена до Граѓанскиот суд во Скопје против Владата, Министерството за животна средина и Град Скопје. Втората тужба е поднесена во судот во Битола против Владата, Министерството за животна средина и општина Битола.

Претседателот на Комисијата, Димитар Апасиев од Левица, рече дека и покрај обидите да се спречи расправата, одлучил да ја свика седницата бидејќи тоа го побарале 20 пратеници и доколку не го стори тоа, ризикува кривична пријава.

На дебатата беа поканети 40 гости, но не сите се согласија да учествуваат. Дебатата ја бојкотираа пратениците од парламентарното мнозинство, а поканети беа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за животна средина Изет Меџити и министерката за енергетика Сања Божиновска, но и тие не учествуваа./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button