ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 6 до 12 степени.

Во Скопје, денеска ќе има променливо облачно време и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

За утре синоптичарите најавуваат облачно време со повремен локален дожд, особено во југозападните делови од земјата. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 7 до 13 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button