ВЛЕН бара ветингот во ДУИ да започне од Садула Дураку

Коалицијата ВЛЕН бара од ДУИ ветингот да започне од Садула Дураку – поранешен вицепремиер, министер, градоначалник и актуелен пратеник на оваа партија. Според нив, прочистувањето во ДУИ треба да започне од доживотните функционери.
„Ако ДУИ навистина сака да се прочисти, нека почне со вакви личности. Садула Дураку е симбол на заробената држава, корумпираната власт и партиската контрола врз институциите. Доста беше со ротирање на истите луѓе без никаква одговорност!“, велат од ВЛЕН.
Додека партијата на Али Ахмети тврди дека почнала подготовките за спроведување на ветингот и ги обврзала партиските функционери, како и оние во локалната власт и законодавството, да потпишат антикорупциски изјави, без официјално започнување и без да се знае крајот на процесот, ДУИ синоќа во Гостивар го назначи Талат Џафери за шеф на политичкиот штаб. Дали ова значи дека Џафери веќе го поминал ветингот или воопшто нема да биде подложен на него, останува ДУИ да разјасни. Пред неколку дена, потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека секој функционер што нема да го помине ветингот, партијата ќе биде многу ригорозна кон него.
Алсат