ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Функционери казнети од Комисијата за спречување на корупцијата за непријавување на имот

Државната комисија за спречување на корупцијата изрече парични казни на министри, поранешни министри, пратеници и поранешни пратеници, како и други носители на јавни функции за кршење на одредбите од законите, и тоа за непријавување на имот, задоцнето пријавување на податоци и вршење на јавни функции спротивно на законот. Во зависност од сторениот прекршок, носителите на јавни функции мора да платат до 300 евра казна. Законските мерки се однесуваат за 2024 година.

Advertisements

Талат Џафери е еден од 86 лица на листата, а казнет е со 300 евра, бидејќи додека бил технички премиер, бил и пратеник во Собранието.

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, кој е во бегство поради налог за апсење за наводите за корупција, во рок од 15 дена не ги доставил сите потребни информации до Антикорупциска. Тој е казнет со 200 евра. За истиот прекршок, поранешниот министер за здравство, Фатмир Меџити, беше казнет со 200 евра.

Илир Демири, во својство на поранешен министер и пратеник, исто така е казнет со 300 евра, бидејќи додека бил пратеник во Собранието, истовремено бил и министер за здравство. Тој, исто така, беше казнет со 300 евра.

За непријавување на имотот согласно закон, казнет е и Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина.

Голем дел од листата ја заземаат пратеници и поранешни пратеници кои не поднеле изјава за имотната состојба до Антикорупциска по стапувањето на функцијата, или по престанокот на должноста пратеник на Собранието.

Досега ваква практика на објавување на парични казни не е направена од страна на Антикорупциска. Од ова тело најавуваат дека отсега листата на парични казни ќе биде јавна за граѓаните.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button