ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако сакаме да одиме напред треба да гледаме квалитет, а не партиски препораки

Во своето вечерашно гостување во дневникот на Алсат, премиерот Христијан Мицкоски го повтори ставот дека вработувања по етничка основа нема да има без разлика од која партијата доаѓаат такви ветувања, туку треба да се бара квалитет, ако сакаме да одиме напред.

Advertisements

„Без разлика дали е албанска, турска, српска, ромска, повеќеетничка, македонска и слично, ценам дека треба да го надминеме Рубикон кога функциониравме по принципот како до сега и треба да се гледа квалитетот. Бидејќи, ако сакаме да одиме напред, треба да гледаме квалитет, а не какви било партиски препораки“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button