Мицкоски не гледа причина за промена на химната

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина за промена на химната на државата. Како што рече тој, во своето вечерашно гостување во дневникот на Алсат, во неа се препознава континуитетот на создавање на една држава.
„Ниту станало збор за таа тема, ниту на памет ми паѓа да влегувам во било каква расправа во која што ќе се менува текст на химна која што отсликува генеза историска на создавањето на оваа држава“, дециден е Мицкоски.
„Химната ја прераскажува историјата на создавањето на една држава, на една нација…јас не гледам причина зошто таа би се менувала. Или во кој дел таа би се менувала. Тоа е исто како Французите да речат – ќе ја менуваме канадската химна бидејќи нема премногу француско или обратно, Англичаните да речат: ќе ја менуваме бидејќи нема премногу англиско, а има премногу француско“, вели Мицкоски.
Како што појасни тој, химната не е дефинирана во Устав, за да се менува Уставот, туку е дефинирана во закон за чија промена е потребно двотретинско мнозинство.