МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Спасени двајца чешки планинари на Попова Шапка

Двајца чешки планинари, од кои едениот е повреден при скијање на Попова Шапка вчеравечер се спасени во координирана акција на Системот за управување со кризи, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Advertisements

„Вчера попладне во 16.42 часот на бројот 112 е добиена пријава од чешки планинар – скијач дека еден негов колега, планинар и скијач е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош“, велат од ЦУК.

Откако ги добиле координатите за локацијата на повредениот новинар, спасивачите со специјализирано возило – ратрак се упатиле да го извлечат повредениот планинар и да го превезат до центарот „Попова Шапка“.

„Планинарот е безбедно извлечен од планински снежен повисок дел на Шара и на првата можна точка за преземање на асфалтен пат е префрлен во возило на Итна медицинска помош до Клиничката болница во Тетово“, се вели во соопштението на ЦУК.

Во акцијата, преку Секторот за операции и координација на ЦУК, биле вклучени и ЈП „Национален парк Шар Планина“, Итната медицинска помош, „Елем Турс“, државната компанија што стопанисува со Попова Шапка, Полициската станица Попова Шапка и Дирекцијата за заштита и спасување Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button