Муцунски на средба со Агелер – потврдено стратешкото партнерство

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и американската амбасадорка Анџела Агелер го потврдиле силното и стратешко партнерство меѓу двете земји на денешната средба во Министерството за наворешни работи и надворешна трговија. За партнерството, како што заклучиле, сведочат билатералните посети на високо ниво остварени во изминатиот период.
На средбата била истакната важноста за поттикнување на соработката во поглед на економијата, привлекувањето инвестиции, како и поддршката на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото. Дополнително, соговорниците се осврнале на безбедносните предизвици, како и посветеноста на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан.
„Двете страни изразија посветеност за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји“, информираат од Министерството.