ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски демантира дека има конкретна иницијатива за промена на грбот

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Алсат истакна дека има желба и размислува за прашањето за промена на државниот грб, но за тоа нема ниту иницијатива, ниту расправа. За понудата на ВЛЕН за промена на грбот како дел од пакет со други прашања, Мицкоски рече дека не може да прифати или одбие нешто што не е ставено на преговарачка маса.

Advertisements

Коалициониот партнер ВЛЕН, и покрај тоа што нема иницијатива за промена на грбот и химната, понуди неколку идеи. Меѓу најинтереснитe беше онаа на лидерот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, дадена за Лајм ТВ..

„Може ли да има 2 текста химната? Не е исклучено, односно  Албанците ќе можат да имаат свој текст на химната и тие да имаат свој текст на химната“, вели Ибрахими за Лајм ТВ..

Но, одговорот на Мицкоски за оваа идеја беше дециден.

Мицкоски и ВЛЕН, имаат разлики и по прашањето за службената употреба на албанскиот јазик.

„Единствениот службен јазик на кој државата комуницира и институциите зборуваат меѓу себе е македонскиот јазик. Во членот 1 стои дека во сите институции албанскиот е службен јазик господине Гаши, така што можат да комуницираат и на албански јазик. Тоа е преведен јазик…“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button