ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Супермаркетите имаат уште месец и половина да ги објават цените на производите на интернет, за потоа граѓаните да одлучат каде ќе купуваат

Супермаркетите имаат уште месец и половина да ги објават цените на производите на интернет, за потоа граѓаните да одлучат каде ќе купуваат

Од средината на април сите големи и средни маркети се обврзани да ги објавуваат цените на производите на интернет, за граѓаните однапред да ги видат и да изберат во кој маркет ќе пазарат. Во наредните денови владината одлука ќе биде објавена во Службен весник, а потоа ќе бидат објавени прописите според кои треба да работат маркетите. Предвидени се казни за оние кои нема да ги почитуваат мерките.

Advertisements

„Вреди да се нагласи дека овој закон ќе стапи на сила само за трговците на мало, средни и големо. Со исклучок на микро-трговците и трговци поединци, односно маалските продавници. Казните кои ќе се движат за сите оние трговци кои нема да ја почитуваат оваа одлука се од 500 до 10.000 евра, вклучувајќи го и затворањето на маркетите на 15 дена“,рече Бесар Дурмиши – министер за економија.

Министерот Дурмиши најави дека се отворени прекршочни постапки за четири синџири на супермаркети кои, како што рече, заедно со Сојузот на стопански комори склучиле договори за формирање на цени. За ова, санкциите може да изнесуваат милиони евра или 10% од годишниот приход.

„Спроведовме ад хок контроли и откривме четири големи синџири супермаркети кои се договориле спротивно на член 7 од Законот за заштита на потрошувачите. Тие се договориле да постават цена или да не прифатат нова цена од добавувачите, а тоа влијае на пазарот и конкуренцијата“, додаде Бесар Дурмиши – министер за економија.

Беше поставена маржа од 5% за 8 групи производи. Маржа од 10% за 55 групи производи додека маржа од 15% за 39 групи производи. По одобрувањето на овие мерки и законски измени, министерот Дурмиши рече дека никој не контактирал со нив од новата трговска комора за продажба на големо и мало. Од таму пак ги оценуваат како неприфатливи владините мерки, велејќи дека е загрозена нивната и егзистенцијата на околу 9.000 вработени./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button