Марк Маркез е победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП

Големиот шампион Марк Маркез е победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП. Шампионатот стартуваше во Тајланд, а Шпанецот за првпат по пауза од единаесет години слави на отворањето на сезоната.
Шпанскиот ас триумфираше пред својот брат Алекс, кој беше втор, додека Франческо Бањаја со Дукати го освои третото место. Маркез сега го води во светскиот шампионат за првпат по шест сезони.
Кон крајот на трката видовме голема драма, кога Марк успеа да го претекне Алекс и со тоа да ја запиши својата прва победа сезонава. Франко Морбидели ја заврши трката на четвртото место, пред дебитантот Аија Огура, кој исто така остави одличен впечаток на денешната трка.
„Десетката“ ја комплетираат Марко Бецеки, Жоан Зарко, Бред Биндер, Енеа Бастианини и Фабио ди Џанантонио. Сезоната продолжува со трката за Големата награда на Аргентина од 13-16 март.