ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сојузот на синдикати бара минимална плата од 500 евра

Сојузот на синдикати бара минимална плата од 500 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија остануваат на ставот дека минималната плата треба да се покачи на 500 евра. Тие велат дека две и пол минимални плати не можат да ја покријат синдикалната минимална кошничка, преку која што се пресметуваат трошоците за живот. Потребен е раст на платите, стандардот на граѓаните секојдневно опаѓа вели Љупчо Радовски член на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Advertisements

„Ние мора да сфатиме дека ако не се покачи платата малку повеќе од она што значи сега усогласување, не е тоа покачување туку усогласување на минималната плата, тоа ќе биде сепак многу малку за да го подобри стандардот на граѓаните. Ние не ја изработуваме минималната кошничка за да видиме дали некој купува или не купува и дали некој може да го купи или не може да го купи. Него што на едно четиричленосемејство му е потребно за еден нормален скромен живот во еден месец да може да сето тоа да го поднесе„, рече Љупчо Радовски – ССМ.

Од Организацијата на работодавачи велат дека, треба да се изврши самно усогласување на минималната плата бидејки таа веќе била повисока споредено со други држави.

„ Ставот на организација на раоботодавачи е дека во овој момент бидејќи имаме просечна минимална плата далеку повисока во однос на просечната на другите држави треба само да се изврши усогласување на минималната плата со законските критериуми 50 посто од просечната плата и 50 проценти од растот на инфлацијата да се заштити куповната моќ на минималната плата и според последните податоци таа треба да изнува некаде 24400 денари“, рече Ангел Димитров – Организација на работодавачи.

Минимална плата од 500 евра бара и опозициската СДСМ, оттаму велат дека цените на храната растат побрзо и од платите на граѓаните. Додаваат дека ако минимаплната плата не се зголеми на 500 евра, тоа ќе значи дополнително влошување на животот на илјадници семејства, кој веќе како што велат, едвај врзуваат крај со крај.

„Последна шанса да покаже минимум почит кон граѓаните е Владата итно да интервенира со платите. СДСМ бара и поддржува покачување на минималната плата на 500 евра бидејќи ова ќе поттикне раст на сите плати. Оваа стратегија која СДСМ доследно ја спроведуваше додека беше на власт даваше резултати. Благодарение на овој пристап, со СДСМ беа потребни само две минимални плати да се покрие потрошувачката кошничка, а денес со ДПМНЕ се потребни три„, рече Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ се уште стои на ставот дека Владата ќе прифати се што ќе договорат синдикалците и работодавачите. Согласно законот минималната плата треба да се зголеми за 1,800 денари, односно ќе изнесува 24,400 денари и таа треба да се утврди во средината на март на следниот економско социјален совет./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button