Зголемени рации против дилери и корисници на дрога
Зголемени рации против дилери и корисници на дрога

Додека претходно во вестите од МВР имавме извештаи за кражби, тепања и нарушување на јавниот ред и мир, неодамна речиси секоја втора информација од црната хронике е поврзана со апсења на наркомани и дилери или нивни продавачи.
Од Секторот за внатрешни работи велат дека за три месеци, почнувајќи од 1 декември до денеска, се уапсени повеќе од четириесет лица, од кои седум малолетни.
„Од 1 декември до денеска се откриени 37 кривични дела казниви по член 215 од Кривичниот законик. Од нив, 24 се во Тетовско, а 13 во Гостиварско. Овие кривични дела се против 48 сторители, од кои 24 во Тетово и 13 во гостиварско. Против нив ќе бидат поведени соодветни пријави“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Од ваквата состојба со употребата и продажбата на наркотици, главно марихуана најпогодени се училиштата, особено средните, но не се исклучени и основните училишта. Директорите на училиштата во Тетово за да ја спречат ваквата состојба бараат засилени полициски контроли.
„Токму ова беше мое прашање до нив, бидејќи сме информирани дека има неуниформирани инспектори кои се шетаат низ училишните дворови, но јас побарав од нив, и беше прифатено, не само без униформи, туку заради проблемот да имаме униформирани лица кои се шетаат по училишните дворови“, рече Јетон Камбери, директор на тетовската гимназија.
„Бараме како што баравме изминатава година и пол. Треба да преземеме превентивни мерки како образование, директор и полиција, а бидејќи контролата функционира веќе ја немаме истата појава како порано“, додаде Музафер Ливарека, директор на Текстилно училиште.
На средбата што Секторот за внатрешни работи ја одржа со директорите на училиштата од Тетово и секторот за образование, беше договорено во наредните месеци да се зголемат контролите не само во училиштата, туку и во транспортните и сообраќајните возила. Минатата година во средното медицинско училиште беа фатени неколку ученици како користат и продаваат наркотици./Алсат.мк
Башким Сулејмани