
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека луѓето во таа земја треба помалку да се грижат за рускиот претседател Владимир Путин, а повеќе за мигрантските банди и наркобосовите – „за да не завршиме како Европа“.
„Треба да трошиме помалку време грижејќи се за Путин и повеќе време грижејќи се за мигрантските банди силувачи, нарко босови, убијци и луѓе од ментални институции кои доаѓаат во нашата земја – за да не завршиме како Европа“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Во согласност со најавата на Трамп, Њујорк Тајмс денеска објави дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и наредил на американската сајбер команда да ги запре офанзивните сајбер операции против Русија, во обид САД да ги обноват односите со Русија и да постигнат договор со Москва за мир во Украина.