ВЕСТИСВЕТ

Новата австриска влада ќе положи заклетва

Новата влада на Австрија денеска (3 март) ќе положи заклетва пред претседателот Александар ван дер Белен.

Advertisements

Владата е составена од три партии: Австриската народна партија (ОВП), Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) и Неос.

Лидерот на ОВП, Кристијан Штокер ќе биде канцелар, а претседателот на СПО, Андреас Баблер ќе вицеканцелар. Лидерката на Неос, Беате Мајнл-Рајзингер ќе биде министерка за надворешни работи.

Церемонијата на положување на заклетва означува крај на петмесечните обиди за составување на нова влада на Австрија. Десничарската Австриска партија на слободата (ФПО) на парламентарните избори минатата година освои најголем број гласови, но сега ќе биде опозиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button