ЕКОНОМИЈА
Од утре поевтини горива, ова се новите цени

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,50 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 72,00 ден/лит.