ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
По 12 години пауза, вратена е авиолинијата Скопје-Амстердам

По 12 години пауза, повторно е вратена авионската линија Скопје-Амстердам.
Како што објави министерот за транспорт Александар Николоски, со летот Амстердам-Скопје-Амстердам ќе оперира авиокомпанијата „Трансавиа“, двапати во неделата – во четврток и во недела.
Првиот лет е реализиран синоќа од 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.
„После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам. За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните“, пишува министерот Николоски во објава на Фејсбук.