Со 6 шишиња на ексклузивното виски The Macallan TIME: SPACE, Скопје дел светските метрополи

Ексклузивно виски во Скопје. Се работи за The Macallan TIME: SPACE Mastery – уникатнa едиција за која во едно шише се сплотени вкусови на виски одлежани во 14 исклучителни видови на буриња. Оваа екстензија е во многу ограничена количина, а кај нас се донесени само 6 шишиња!
Презентацијата на екслузивноѕо виски, на еден несекојдневен настан, пред неколку дена е дел од глобалната прослава на 200-годишнината на The Macallan – јубилеј што ги слави наследството, традицијата и извонредноста на овој престижен бренд. Во посебната вечер и присуството на една од најретките виски едиции досега, и кај нас се оддава почит на овој значаен момент, гордо пречекувајќи го The Macallan за специјалните обожаватели. Ова претставува почеток на едно наследство што ќе продолжи да расте, носејќи уште повеќе уникатни искуства за љубителите на виски во иднина.
The Macallan е светски познат по своите извонредни single malt вискија. Поминати се два века откако Александар Рид, основачот на The Macallan, ја дестилираше првата серија виски во неговите необично мали дестилери во Спејсајд, Шкотска, во 1824 година, поставувајќи ги темелите на извонредното шкотско single malt виски.
Anna Metaxas, регионалната бренд амбасадорка која специјално беше во Скопје на презентацијата вели дека „од 1824 година, The Macallan гради светска репутација не само поради својот извонреден вкус и посветеноста кон врвен квалитет, туку и поради заедништвото и суштинските разговори кои се водечка вредност на брендот“.
The Macallan – ексклузивното single malt шкотско виски –TIME: SPACE Mastery, во само 6 шишиња кај нас ќе биде алоцирана во внимателно одбрани локации. Дел од овие ретки шишиња ќе бидат достапни за купување само за најверните консументи, лојалните The Macallan ентузијасти, љубители на single malt виски и колекционери. Други ќе бидат достапни за дегустација во ексклузивни локали.