МАКЕДОНИЈА

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“

Апелациониот суд за четири години му ја намали казната на Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Рекет“, односно од девет на пет години затвор. Ваквата одлука следува по поднесено барање за преиначување на одлуката без повторување на постапката, од страна на неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ.

Advertisements

-Беше поднесен предлог за преиначување на правосилна пресуда без повторување на кривичната постапка согласно член 447 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка, ни изјави адвокатот Туфегџиќ.

Јовановски, претходно од Кривичниот суд побара повторување на постапката, но судот го одби ваквото барање.

Во „Рекет“ беше осудена и екс специјалната обвинителка Катица Јанева и тоа на 7 години затвор. Боки 13 беше осуден за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button