
Сакраменто Кингс триумфираше на гостувањето кај Далас Маверикс со 98-122.
Клучниот момент се случи веќе на стартот од дуелот, кога плејмејкерот на Мавс, Кајри Ирвинг мораше да ја напушти играта поради повреда на коленото.
Плејмејкерот на домаќините не можеше сам да оди во соблекувалната. Иако му требаше помош при одење, тој ги изведе двете слободни фрлања кои следеа откако беше фаулиран – и погоди двата пати.
Ова е нов проблем за Мавс, откако тие претходно останаа и без центарското трио, Дејвис, Лајвли и Гефорд.