СВЕТ
Венс: Економскиот интерес на САД во Украина би бил безбедносна гаранција

Американскиот потпретседател, Џеј-Ди Венс, изјави денеска дека економскиот интерес на Вашингтон за иднината на Украина може да послужи како безбедносна гаранција за земјата.
Венс за Фокс њуз изјави дека економскиот интерес на САД во Украина би бил „многу подобра безбедносна гаранција“ отколку испраќање 20.000 војници од земја која не била во војна 30 или 40 години.
Тој посочи дека американскиот економски ангажман во Украина, особено во однос на нејзините ресурси, како што се литиум и ретки минерали, може да обезбеди долгорочна стабилност.