ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се надевам дека нашиот процес на евроинтеграции ќе биде откочен со големата поддршка од Унгарија

– Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од европското семејство, нешто што го заслуживме многу одамна, била, е и ќе остане наша стратешка цел, но исто така мораме да потенцираме дека тоа што македонските граѓани го дадоа за реализирање на оваа стратешка цел, која за жал не е поместена од состојбата која беше пред 20 години, е навистина бесценета, односно цената е толку голема, што не може да се утврди, бидејќи пред се зборуваме за процесот на билатерализација на преговори, а не за европеизација на преговорите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Advertisements

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Будимпешта, Мицкоски изрази надеж дека овој процес конечно ќе биде откочен за земјава, со голема поддршка од Унгарија.

– Се надевам дека конечно овој процес и за нас ќе биде откочен со голема поддршка од наша пријателска Унгарија и ние како држава ќе почнеме да преговараме и убеден сум дека ако имаме можност во многу скоро да ги почнеме преговорите врз основа на вистинските Копехагенски критериуми и ќе ги завршиме и ќе бидеме дел од Европа, истакна премиерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button