Објавен е надзорниот извештај за работата на Врховниот суд за периодот 2022-2024 година
Објавен е надзорниот извештај за работата на Врховниот суд за периодот 2022-2024 година

Министерството за правда му предложи на Врховниот суд ажурирање на АКМИС системот за еднаква и правична распределба на предметите меѓу судиите. Предлогот доаѓа по надзор на работата на Врховниот суд за периодот 2022-2024 година. Потребен е нов ИТ центар за АКМИС системот, се вели во извештајот.
Се препорачува надградба на АКМИС. Централизирање на системот. Поврзување во хоризонтала и во вертикала на судовите и поврзување на системот со други институции. После централизирањето ќе треба да се оформи нов ИТ центар во Врховен суд со поголем број на вработени.
Во извештајот се наведува дека автоматското распределување на предметите се врши правично, а за ова се ангажирани четворица вработени. Забелешки има и за случаите во кои назначениот судија е исклучен од одлучување. Во овој случај предметот повторно се доставува на распределба во АКМИС системот. Поради малиот број судии, кога судија кој е член на советот ќе се пензионира, автоматски преку АКМИС се избира заменик член од судии на други совети. За ова е изработен нов АКМИС модел кој се спроведува само во Врховниот суд. Во предлогот на Министерството за правда се вели:
За да се овозможи функционалност на овој модул, Работното тело за стандардизација треба да изврши анализа дали е применлив овој модул, кои се резлутатите во Врховниот суд и каде во другите судови би бил овој модул имплементиран. Доколку остане во примена само во Врховниот суд, сепак неговата функционалност треба да биде овозможена низ стандардна формална процедура да биде одобрен како модул од Работното тело за стандардизација на постапките, како и да се предвиди со Судскиот деловник и внатрешните процедури.
Бројот на судии во Врховниот суд, според извештајот, е на критично ниво и со години е во незавидна состојба да обезбеди доволен број судии за постапување. Систематизацијата на 28 судиски места, со анализа на Судскиот совет, е намалена на 26 судии. Во Судот, вклучително и претседателот кој не одлучува по предмети, пополнети се само 11 судиски места, што покажува дека опфатот на судиите е критичен и тоа на само 42%. Министерството го повикува Судскиот совет итно да избере судии за да се овозможи Врховниот суд да се пополни со судии, во спротивно ќе биде загрозено функционирањето на судството. Врховниот суд го оцени извештајот како позитивен, наведувајќи ги активностите што ги презеле за унапредување на транспарентноста и АКМИС системот./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу