СВЕТ

Турција започнува со изградба на ѕид долг 8,5 километри на западната граница со Грција

Турција започнува со изградба на ѕид долг 8,5 километри на западната граница со Грција за да ги заштити своите граници, изјави гувернерот на турската западна провинција Едрене, Јунус Сезер.

Advertisements

Сезер на прес-конференција рече дека Турција ќе продолжи да го гради граничниот ѕид во согласност со понатамошниот развој на ситуацијата, пишува турскиот весник „Дувар“.

Градоначалникот на Едрене истакна дека локалната администрација во септември минатата година изградила 325 километри патишта долж границата со Грција, а дека годинава продолжиле работите на изградба на електрооптички столбови, како и други мерки за заштита на границата со поддршка на министерствата за внатрешни работи и одбрана.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button