Конфискуван добиток во Чучер Сандево, сопственикот најавува судска постапка

Пет крави и две телиња конфискувани вчера од полициската станица во Чучер Сандево, биле пренесени во кланица во Студеничани, каде што биле оставени во текот на ноќта. Сопственикот инсистира на тоа дека ја има целата потребна документација и бара да се вратат конфискуваните крави, притоа подвлекувајќи дека ќе поведе и судска постапка, за која ангажирал адвокат.
“Ме земаа во 13 часот, ме држеа на станицата до 22 часот навечер, а потоа во 22 часот навечер реков дека не ги носам кравите никаде, седам тука во станицата не ги носам никаде, рекоа дека дефинитивно треба да се носат, бидејќи немаат превоз, треба да ги однесам во месарницата Џеза. Ни рекоа да ги носиме таму, нема каде да ги чуваме. Во селото Студеничани, се јавиле други полициски патроли, пуштиле светло и не испратија до Џеза во Студеничани.…Повикав адвокати, ќе морам да ги однесам документите сега, адвокатот да се справува со ова“, вели Бесир Авдиу, сопственик на кравите.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство објаснуваат дека животните се одземени поради тоа што лицето кое ги превезувало животните ја немало потребната документација. Од Агенцијата велат дека против сторителот дополнително ќе биде поведена соодветна прекршочна постапка.
„Животните се конфискувани, бидејќи за нив лицето кое ги транспортирало немало валидна потврда за здравствената состојба на животните, додека пасош имал само за едно животно, документи кои се задолжителни при транспорт и движење на животните. Дел од животните беа соодветно идентификувани, со етикети на ушите, дел не“, велат од АХВ.
Животните биле конфискувани претходниот ден, бидејќи сопственикот, кој вели дека само што ги купил, ги превезувал во своето село односново Блаце.
Ајнур Бафќари