ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави оглас за вработување на 300 професионални војници

Премиерот Христијан Мицкоски, најави објавување на нов оглас за прием на 300 професонални војници. Тој ги повика сите млади коишто сакаат да бидат дел од одбрамбено-безбедносниот систем на државата да се вклучат. Како што изјави тој ги повикува сите граѓани, без разлика на етничка припаност, сите кои што сакаат да бидат вкчучени да се пријават и како што вели тука нема проценти, секој кој што ги исполнува условите ќе биде примен. Но покрај овие вработувања тој изјави дека, со стопанската комора кога разговарале поставиле една цел од 5000 нови работни места, но според неговите информации таа бројка е дуплирана со проектите фифнансирани од унгарската линија.

Advertisements

„Апсолутно да. Планирано е објавување на оглас за прием на 300 професионални војници и ја користам еве оваа прилика, благодарам на прашањето, да ги повикам сите оние млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата, да се вклучат и се добредојдени. Ги повикувам сите граѓани, сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button