ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Предлогот за разрешување на Коцевски стигна во Советот на јавни обвинители

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски стигна во Советот на јавни обвинители. Ова значи дека од денеска започнува да тече рокот од 14 во кој советот треба да даде мислење во однос на наводите во предлогот за разрешување на Коцевски. Доколку во наредните две недели Советот не достави одговор до владата, согласно закон рокот ќе биде продолжен на уште една недела, а доколку и тогаш Советот не одговори, ќе се смета дека мислењето за разрешување на Коцевски е негативно. Сепак, независно од тоа дали Советот ќе достави позитивно или негативно мислење, разрешувањето на Коцевски ќе се најде на гласање пред пратениците. Државен Јавен обвинител се разрешува во Собранието со 61 глас „За“.