ВЕСТИСВЕТ

Франција ѝ нуди разузнавачки информации на Украина

Франција ѝ нуди разузнавачки информации на Украина, изјави денеска министерот за одбрана, Себастиен Лекорну, еден ден откако Вашингтон соопшти дека го прекинува споделувањето разузнавачки информации со Киев, во обид да го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Advertisements

„Имаме разузнавачки ресурси што ги користиме за да им помогнеме на Украинците“, изјави Лекорну за радио станицата Франс Интер и додаде:

„Нашето разузнавање е суверено… со наши сопствени капацитети“, изјави Лекорну за радиото Франс Интер.

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, вчера изјави дека САД го „паузирале“ споделувањето разузнавачки информации со Украина по драматичното нарушување на односите меѓу Киев и Белата куќа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button