ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двајцата обвинети за узурпирање на јавен имот во Тетово не го испочитувале рокот од 2 дена за ослободување на просторот

Двајцата обвинети за узурпирање на јавен имот во Тетово не го испочитувале рокот од 2 дена за ослободување на просторот

И покрај тоа што денеска беше последен ден кога требаше да се ослободи ова место, тоа не беше сторено од двете лица кои според општина Тетово го узурпирале јавниот имот.

Advertisements

Раководителот на општинскиот инспекторат Арменд Салихи рече дека за настанатата состојба ги известил полицијата и судот и ги повикал на понатамошни активности.

„Колку што можеме да видиме овде, констатиравме дека вратите се затворени, па ги повикуваме органите на прогонот да продолжат со понатамошните постапки заедно со судот за да продолжи акцијата овде врз основа на закон“,рече Арменд Салихи, раководител на општинскиот инспекторат.

На местото на настанот пристигнале и екипи од тетовскиот суд и од Државното правобранителство за да ја увидат реалната состојба.

Иако денеска требаше да се постават лентите за затворање на објектот, кој според локалните власти незаконски се користи, тоа не го направија ниту општинскиот инспекторат, ниту правосудните органи, туку случајот го делегираа на суд, каде се очекува да дојде до епилог. Инаку, две лица, едното од Тетово, а другото од Скопје, кои тврдат дека го одржувале земјиштето повеќе од две децении, врз основа на законот, веќе поднеле барање до судот за стекнување на сопственост на парцелата од околу 3.600 метри квадратни,што беше обжалено од општина Тетово./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button