Македонската боречка репрезентација ги заврши подготовките и сега е дел од Европското првенство У23, кое ќе се одржи во Тирана
Македонската боречка репрезентација ги заврши подготовките и сега е дел од Европското првенство У23, кое ќе се одржи во Тирана

Македонската боречка репрезентација ги заврши подготовките и сега е дел од Европското првенство У23, кое ќе се одржи во Тирана, Албанија. Експедицијата составена од борачите Стефан Штерјов, Бесир Алили, Мухамед Феруку и Реџеп Хајдари, под водство на тренерот Абаз Емини и помошникот Ријад Реџепи, утрово се упати кон главниот град на Албанија. Тренерот Емини смета дека борачите се добро подготвени и дека на овој турнир се очекува да го докажат својот квалитет за да освојат некој од медалите.
„Верувам дека се добро подготвени, благодарение на претседателот на клубот, Ахмед Адеми, кој ни обезбеди исклучително добри услови и мислам дека очекуваме резултати од ЕП до 23 години. Повеќе од двајца, можеби и тројца борачи. Но, верувам дека овие двајца имаат поголем капацитет за медали. Се работи за Реџеп Хајдари и Бесир Алили„, рече Абаз Емини, селектор на Македонија.
„Подготвен сум за ЕП У23 што ќе се одржи во Албанија. Се надевам дека ќе постигнам добар резултат. Ова е чекор кон Европското првенство за сениори што ќе се одржи во Братислава. Тоа е врвот каде можам да постигнам добар резултат во сениорска конкуренција„; рече Бесир Алили, борач./Алсат.мк
Махир Тачи