ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицксоски за паркингот во клиничкиот центар „Мајка Тереза”: Доколку јавноста е против тоа, таквиот договор на крај нема да биде потпишан

Мицксоски за паркингот во клиничкиот центар „Мајка Тереза": Доколку јавноста е против тоа, таквиот договор на крај нема да биде потпишан

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека врз основа на физибилити-студија е донесена одлуката паркингот во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ треба да биде менаџиран од приватен оператор, но нагласи и дека доколку јавноста е против тоа, таквиот договор на крај нема да биде потпишан. Премиерот одговарајќи на новинарско прашање рече дека актуелниот сопственик на паркингот – градски паркинг Скопје, нема капацитет да воведе ред со метежот што се создава со паркирањето и затоа владата преземала мерки за тоа да го реши. На тендерот пак за избор на фирма која ќе управува со паркингот во Клиничкиот центар се јави само една компанија од Албанија која понудила цена од 50 денари од час, но договорот со влада се уште не е потпишан.

Advertisements

„Одлука се носи врз основа на физибилити студија, физибилити студијата така кажала. Ние не можеме да одиме спротивно од физибилити студија. Второ, распишан е оглас, се пријавила само една компанија, иако критериумите се прилично широки. Трето, ништо не е потпишано, ништо не е завршено. Ја слушаме ние јавноста, ако јавноста е незадоволна од сето она што претходно го кажав, а тоа е согласно закон, тоа не значи дека ќе биде потпишан договор. Одлука на влада нема, договор не е потпишан. Ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме„, рече Христијан Мицкоски .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button