ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На земјава и се потребни 100 анестезиолози

На земјава и се потребни 100 анестезиолози

Здравствениот систем се соочува со голем недостиг од анестезиолози. Во земјава недостигаат околу 100 анестезиолози, додека најголем недостиг има во шест градови во земјава. Од Министерството за здравство велат дека за 2025 година одобриле 41 специјализации за анестезиолози, додека во моментов 85 лекари завршуваат специјализации од оваа област.

Advertisements

„Во однос на бројот на специјалисти за анестезиологија што недостасуваат во јавните здравствени установи, тој број е околу 100. Недостиг од анестезиолози има во Куманово, Кавадарци, Дебар, Кичево, Гевгелија и Велес. Додека според податоците со кои располага секторот за секундарно и терциерното здравство, поголем недостиг од анестезиолози има во максилофацијалната хирургија”,велат од Министерство за здравство.

Шефот на Одделот за анестезиологија на Клиниката за анестезија, интензивно лекување и реанимација, Андријан Карталов за Алсат изјави дека потребата од анестезиолози е голема.

Карталов вели дека во моментов на Клиниката треба да се зголеми бројот на кревети на одделот за интензивна нега и да се отвори оддел за интензивна нега бидејќи бројот на пациенти е многу голем. Недостигот од анестезиолози ги принудува анестезиолозите од Клиниката за анестезија да одат од една во друга клиника за да ги опслужуваат пациентите. Анестезиолозите на оваа клиника освен што покриваат други клиники во Скопје, покриваат и клиники во многу други градови./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button