ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Ифтар е многу повеќе од храна, да им дадеме надеж на оние кои имаат потреба“

„Ифтар е многу повеќе од храна, да им дадеме надеж на оние кои имаат потреба“

Ифтар е многу повеќе од храна, да им дадеме надеж на оние кои имаат потреба. Ова е мотото за оваа година на организацијата „Легис“ која долги години им помага на луѓето кои имаат потреба од помош, особено за време на месецот Рамазан.

Advertisements

Според статистичките податоци на оваа организација, секоја година се зголемува бројот на луѓе кои немаат за оброк во денот. За овие луѓе во текот на месецот Рамазан секојдневно се делат околу 200 ифтари. Покрај храна, на овие лица им се обезбедуваат и средства за хигиена и облека.

За лицата кои се регистрирани во Легис, покрај овој месец, тие се поддржани од донатори во текот на целата година, со кои организацијата дели леб и кутии со непрехранбени и прехранбени производи.

За месец Рамазан оваа организација планира да подели околу шест илјади ифтари на лицата кои имаат потреба, додека донаторите со 1.000 денари придонесуваат со пет ифтари за овие лица./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button