ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Духовните и здравствени придобивки од постот

Духовните и здравствени придобивки од постот

За време на постот, телото влегува во состојба на самопрочистување. Нутриционистите велат дека како резултат на неколкучасовното неконзумирање на храна, настанува процесот на автофагија, механизам кој ги елиминира оштетените клетки и ги регенерира ткивата, помагајќи да се заштитите од хронични заболувања.

Advertisements

„Постот, освен што има духовни придобивки, има и здравствени придобивки. Една и најважна од нив е автофагијата. Автофагијата е процес кој ги отстранува оштетените или мртвите клетки од нашето тело…Имаме придобивки, имено спречуваме дегенеративни болести на нервниот систем, дијабетес, висок крвен притисок и разни срцеви заболувања“, рече Арлинда Мемеди, нутриционист.

Но, нутриционистите препорачуваат претпазливост кога се јаде ифтар и сифир, нагласувајќи дека во повеќето случаи, нашите менија за ифтар се многу тешки, додека адекватна храна не се јаде ниту на сифир, што ги намалува придобивките што ги нуди постот, а истовремено придонесува и за дехидрација на телото.

„ Прво, ќе започнеме со сифир, често консумираме преработки од месо, колбаси, салами, паштети итн. Тие всушност имаат големо количество сол, што исто така прават да бидеме жедни во текот на денот….Додека за време на ифтар, секогаш велам, многу е важно секогаш да започнете ифтар со чаша вода, урма, супа и малку салата, а потоа да направите пауза од најмалку 15 минути“, додаде Арлинда Мемеди, нутриционист.

Мемеди вели да се внимава и на слатките, нагласувајќи дека најдобро решение е овошјето, препорачува да се пие најмалку 2 и пол литри вода од ифтар до сифир, додека за време на сифир препорачува да се избегнува црн чај и кафе бидејќи и тие предизвикуваат дехидрација./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button