ВЕСТИСВЕТ

САД веруваат дека Украина ќе направи чекор напред кон постигнување мир со Русија, вели извор од Стејт департментот

Администрацијата на Трамп верува дека раководството на Украина е подготвено да оди чекор напред во однос на иницијативата на САД за прекин на огнот со Русија, изјавил висок претставник на американскиот Стејт департмент, објави Би-би-си.

Ваквите најави доаѓаат во пресрет на денешното патување на американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Валц во Судиска Арабија каде утре треба да имаат средба со нивните украински колеги околу прашањето за ставање крај на војната меѓу Киев и Москва.

Advertisements

Американскиот претседател, Доналд Трамп изминатите недели го засили притисокот врз својот украински колега, Володимир Зеленски за прифаќање на договор за мир со Москва, но без да даде експлицитно ветување дека евентуално таквиот договор ќе биде поддржан со безбедносни гаранции од САД, какави што бара Украина.

Двајцата претседатели, Трамп и Зеленски, пред десетина дена јавно се судрија во Белата куќа во врска со ова прашање, а американскиот претседател го обвини својот украинскит колега дека не е подготвен да ги прекине борбите и оти не благодарен за помошта што Украина досега ја добила од САД.

За потсетивање рускиот претседател Владимир Путин започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, а Москва во моментов контролира околу 20 проценти од украинската територија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button