СВЕТ

Нова средба за преговори помеѓу Украина и САД во Саудиска Арабија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Ријад ќе се сретне на разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Advertisements

Патувањето на Зеленски во Саудиска Арабија доаѓа еден ден пред разговорите меѓу украинската и американската делегација во саудискиот град Џеда, со цел да се стави крај на тригодишната војна на Русија против Украина.

Во делегацијата од Киев на разговорите ќе бидат украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, началникот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, како и министерот за одбрана Рустем Умеров. Тие ќе се сретнат со американска делегација во која се очекува да бидат државниот секретар Марко Рубио и други високи претставници на Белата куќа, пишува „Гардијан“ додавајќи дека Зеленски нема да биде дел од американско-украинските разговори во Џеда.

Украинската страна, според светските медиуми, најверојатно ќе предложи мировен план подготвен од Зеленски минатата недела, во кој се предвидува запирање на нападите со беспилотни летала и ракети, како и суспензија на воената активност во Црното Море.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button