СВЕТ

Русија протера британски дипломати под обвинение за шпионирање

Русија на Владимир Путин протера еден британски дипломат и сопругата на друг, обвинувајќи ги за шпионирање. Двајцата беа обвинети дека учествувале во разузнавачка активност под закрила на амбасадата во Москва. Наредено им е да ја напуштат земјата во рок од две недели, соопшти руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи ја како извор, руската безбедносна агенција.

Advertisements

„Контраразузнавачките операции на Федералната служба за безбедност го открија непријавеното разузнавачко присуство на Обединетото Кралство под закрилата на амбасадата на земјата во Москва“, се вели во соопштението на ФСБ, цитирано од Тасс.

Тоа е последното во серијата протерувања во британската амбасада во Москва и руската мисија во Лондон.

Во февруари Британското Министерство за надворешни работи му ја одзеде акредитацијата на руски дипломат, при што министерот за надворешни работи Дејвид Лами рече дека Обединетото Кралство нема да се извини за спротиставувањето на рускиот претседател Путин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button